Европската комисија денеска соопшти дека Хрватска ќе добие околу 88,9 милиони евра помош за опоравување од земјотресите кои го погодија Загреб во март.

Ова го соопшти европската комесарка за кохезија и реформи Елиса Фереира истакнувајќи дека овие пари се наменети за Хрватска од европскиот Фонд за солидарност, пренесува ЕуОбсервер.

Хрватска и нејзиниот главен град доживеаа една од најтешките природни катастрофи во повеќе од еден век, а која предизвика штета и нарушување, изјави Фереира.

Хрватската престолнина утрото во 6:23 часот на 22 март годинава ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер, најјак во последните 140 години. Материјалната штета беше голема, а најмногу настрадаа старите градски јадра, особено куќите постари од 100 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.