Пратеникот во хрватскиот Сабор и застапник на ромското малцинство Вељко Кајтази ја обвини општинската болница во Чаковец дека заедно со меѓумурската жупанија го игнорирала првороденото дете од родители Роми, а во медиумите и на официјалната страница на фејсбук поставиле фотографија од родителите и детето кое било родено подоцна истиот ден. Директорот на болницата во Чаковец ја призна грешката за која тврди дена не е намерна и дека не станува збор за дискриминација на ромското бебе, објави N1.

Непријатно сум изненаден од веста дека зупанската болница во Меѓумурје заедно со претставниците на меѓумурската жупанија, го прикрија фактот и ја измамија јавноста за првороденото дете во меѓумурската жопанија, соопшти Кајтази и истакна дека очекува јавно извинување од одговорните во најкус можен рок.

Набргу стигна извинување од директорот на болницата во Чаковец, Томислав Новиншчак кој рече дека поради грешка во болницата на жупанијата и дале погрешна информација за тоа кое бебе се родило прво во 2020 година.

Многу ми е жал, како директор, дека се случила ваква грешка. Болницата и здравствениот систем се мошне големи и за се можам да ја превземам одговорноста, но не можам да се согласам со тоа да се врши било каква дискриминација. Ние се грижиме за сите наши сограѓани секојдневно и многу жалам за тоа што се случило. Мислам дека е човечки да се работи и да се греши, но и да се извини, како што тоа го направивме вчера.. Бевме кај госпоѓата и кај детето, се извинивме, а човечки е и да се прости, рече директорот на болницата.

Тој додаде дека мајката и детето се чувствуваат добро и дека не им забележале за грешката која се случила.

Детето е добро и мајката исто така. Ова е нивно шесто дете. Госпоѓата не прими и рече дека сеосема разбира и дека такви нешта се случуваат, рече дека е среќна што се сетивме на нив и ги прими подароците, рече Новиншчак.

Пропустот се случил поради тоа што медицинската екипа интервенирала при пороувањето на Ромката надвор од болницата, па по навика подароци добило бебето кое прво се родило во болницата.rivala neka unutrašnja od trudnica, znači neko ko je unutra rođen, međutim nismo imali prave informacije”, kazao je Novinščak.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.