Хрватска верува дека е време да се ревидира Дејтонскиот договор, нагласи хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на онлајн сесијата на Генералното собрание на ОН.

Како една од страните во договорот, Хрватска смета дека годишнината од договорот треба да се искористи за да размисли за нејзините достигнувања, но и за моменталната состојба во Босна и Херцеговина, со цел цврсто водење на таа држава на нејзиниот европски пат, рече хрватскиот премиер. пренесува „Јутарњи лист“.

Пленковиќ посочи дека 2020 година, освен што е година на криза и година на јубилеи, е и година на одбележување на 25-годишнината од Дејтонскиот мировен договор. Според хрватскиот премиер, тој „ја прекина најкрвавата војна во Европа од Втората светска војна“.

Во меѓувреме, овој дел од Европа суштински се смени на подобро, но некои проблеми продолжуваат и заслужуваат целосно внимание, потенцира Пленковиќ, повикувајќи на промена на Дејтонскиот договор.

Тој потсети на самитот во Загреб одржан пред 20 години и на второто издание на тој состанок, што беше виртуелно оваа година за време на хрватското претседателство со ЕУ.

Гледајќи наназад, многу е постигнато и многу се смени на подобро. Гледајќи напред, искреното помирување е клучно за стабилноста на регионот. Може да се гради само врз вистината и фактите, заедно со наоѓање на сите преостанати исчезнати лица и правда за сите жртви, нагласи Пленковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.