Претседателот на лекарската комора на Хрватска Крешимир Луетиќ, изјави дека ситуацијата со Ковид-19 во земјата е сериозна и дека државата ќе тргне да ги мобилизира пензионираните доктори.

Пензионираните лекари би требало да работат со другите пациенти, не оние заразени со Ковид-19.

Ситуацијата е сериозна. Упативме повици до нашите пензионирани колеги, ако и натаму имаат важечки лиценци, да се активираат и да помогнат. Повикот е упатен на пензионираните доктори меѓу 65 и 75 години. Веќе се јавија 15 и се ставија на располагање“, соопшти Луетиќ.

Додаде дека тие нема да бидат во „првите борбени редови“ затоа што се во ризична група, но дека треба да се заменат лекарите кои поради самоизолација испаѓаат од системот, и треба да бидат заменети да работат со не-ковид пациенти.

Луетиќ рече дека ситуацијата со хоспитализирани е загрижувачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.