Хрватските државјани од денеска може да патуваат во САД без виза, објави американската амбасада во Загреб.

Таа одлука на Електронскиот систем за овластување за патување (ЕСТА) се однесува на хрватските граѓани кои заминуваат во САД во туристички или деловен аранжман, не подолго од 90 дена.

Членството на Хрватска во таканаречената програма за ослободување од визите (VWP) е важен чекор во натамошното зајакнување на економската и безбедносната соработка меѓу двете земји – соопшти Амбасадата.

Во соопштението се објаснува дека за да може една земја да влезе во програмата за укинување на визите, таа мора да ги исполни критериумите во областа на борбата против тероризмот, спроведувањето на законот, имиграцијата, безбедноста на документите и управувањето со границите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.