Косовскиот премиер Авдулах Хоти му порача на Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Приштина-Белград, дека еден од принципите за дијалог, утврден од Приштина, е да не се задира во „унитарниот карактер“ на Косово.

Тој ова го рече по повод изјавата на Лајчак дека Белград и Приштина треба да ги разгледаат уставните измени, меѓу другото, и за формирање на ЗКК.

Ги знаете принципите што ги поставивме за процесот на дијалог во кој нема да разговараме за прашањето за размена на територии и тоа е отстрането од преговарачката маса. Вториот принцип е дека нема да се допре до унитарниот карактер на Косово и дека договорот треба да биде сеопфатен и обврзувачки и да се однесува на прашањата меѓу двете земји, и на прво место со реципрочно признавање, рече Хоти, пренесува Коха од Приштина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.