Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, изјавил дека има напредок во дијалогот, но дека доколку не се случи меѓусебно признавање на Белград и Приштина, ќе останат само „две соседни независни држави кои не се познаваат едни со други“.

Тој исто така на прес-конференцијата рекол дека постигнатиот договор за нормализирање на економските односи е голем чекор кон конечен договор, но дека целосна нормализација може да се постигне само преку меѓусебно признавање.

Ние сме посветени на дијалогот, за еден месец, два месеци или една година. Ако не постигнеме конечен договор, нема што друго да сториме. Ќе продолжиме како две независни соседни држави кои не се познаваат, рекол Хоти.

Вархеји оценил дека гледа напредок и посветеност на дијалогот и додаде дека знае дека преговорите што мора да се водат не биле лесни.

Но, тоа е моментум што започна да се развива, рекол Вархеји.

Говорејќи за визната либерализација, тој соопштил дека членките на ЕУ мораат да бидат сигурни дека се исполнети сите услови, што не е лесна задача, пренесува Коха.

Ова може да се постигне само со работа во одредени полиња и постигнување резултати, рекол Вархеји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.