Крушевачкиот епископ Давид е хоспитализиран откако му е дијагностициран ковид-19. Претходно, епископот служел опело и литургија на погребот на патријархот на СПЦ Иринеј.

Репортерите на српски „Телеграф“ во саботата го уловиле Давид без маска опколен со други свештени лица за време на опелото за Иринеј.

(фото: Милена Ѓорѓевиќ/Телеграф.рс)

Како што пренесуваат, тој нема воспаление на градите, но има тешка кашлица.

Самиот Иринеј се зарази со коронавирусот на погребот на митрополитот Амфилохије, по што беше одлучено на неговиот погреб да не се дозволува верниците да му го бакнуваат телото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.