Владата на Холандија одлучи да им исплати по 5.000 евра на своите војници-ветерани во Обединетите нации, кои не успеаја да го спречат злосторството во Сребреница во 1995 година. Паричниот надомест ќе биде исплатен како „гест и знак на благодарност” за нивната служба во „ужасни околности“.

Како што објави министерот за одбрана, исплатата е еден од владините одговори на студијата во која биле вклучени 850 војници од холандската мировна мисија.

Како што пренесуваат странските агенции, Холандија долго време се бореше со последиците од злосторствата во Сребреница, а владата на поранешниот премиер Вим Кок поднесе оставка во 2002 година, откако холандските власти остро го критикуваа испраќањето трупи во опасната зона без соодветно оружје и овластување за „заштита на околу 30.000 бегалци“ кои избегаа во холандската база во источна Босна.

Холандскиот Врховен суд пресуди дека Холандија е делумно одговорна за смртта на околу 350 муслимани убиени од босанските Срби за време на злосторствата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.