Хрватска ќе биде полноправна членка на Шенген од 2023 година и ќе ги ужива сите привилегии на безграничната област Бугарија и Романија се блокирани. Ова денеска го решија министрите за внатрешни работи на земјите членки на самитот во Брисел.

Холандија ја поддржа кандидатурата на Романија, но се спротивстави за Бугарија. Австрија реши да ги блокира двете земји.

Хрватска доби едногласна поддршка и ќе се приклучи на Шенген зоната од јануари 2023 година.

Негативниот заклучок, кој наголемо се очекуваше, е болен политички пораз и за Романија и за Бугарија, кои се приклучија на ЕУ шест години пред Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.