Драматично е во Србија. Борбата со коронавирусот продолжува.

Пациентите се јавуваат навреме, но клиничките слики се тешки. Дневно има од 4.000 до 5.000 нови заразени со коронавирусот.

Ходници полни со мртви во црни кеси, голем број на интубирани пациенти, пациенти кои се борат за здив во интензивна, тешка, драматична клиничка слика, лекари постојано на нозе … Oва се сликите што ги видовме утрово од црвената зона во Батајница. Репортерот на Првата телевизија беше во црвената зона, каде разговараше со директорката на болницата, Татјана Аџиќ.

Оваа слика никогаш не е видена од отворањето на болницата. Она што најмногу ме плаши е што во моментот, сликата што ја гледаме тука изгледа како онаа што ја видовме пред една година од Италија, пострашното сценарио што беше во Италија – рече д-р Аџиќ.

Текот на болеста е тежок и непредвидлив. Она што го видовме е неверојатна тромбоза, од една страна генерализирана од глава до пети … Луѓето остануваат без раце, без нозе. Вирусот е непознат, недефиниран. Не поминува ден кога барем еден не е опериран поради тромбоза … рече меѓу другото д-р Аџиќ.

Видеото може да го погледате тука

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.