Доказите за вадењето na органи на Срби во озогласената „жолта куќа“ се уништени од страна на Хашкиот трибунал. Ова го открива поранешниот известувач на Советот на Европа Дик Марти. Тој во својата книга „Извесна претстава за правдата“.

Како што пренесува „Курир.рс“, сведоците кои проговориле за исчезнувањето на Србите страдале под неразјаснети околности.

Марти открива дека еден од сведоците сепак сепак проговорил и дека најмногу се ваделе бубрези.

Извесно е дека во таа куќа се ваделе човечки органи. Канцеларијата на обвинителот покрена истрага на лице место и најдени се траги од крв, шпицери и амбалажа. Со помош на лиминол се најдени траги од крв но никој не се потруди да испита дали крвта е човечка. Кога баравме од Хашкиот трибунал баравме увид во доказен материјал ни одговорија дека веќе не пости и оти куќата е прочистена и материјалот е фрлен – открива Марти во книгата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.