Претседателот на Косово, Хашим Тачи го повика албанскиот премиер Еди Рама да потпишат меѓудржавен договор за укинување на границите и царините меѓу Косово и Албанија, објави „Алџезеира“.

Тачи рече дека Косово е подготвено да ги укине границите и царините наведувајќи дека Албанците од двете страни на границата се „браќа и иста нација“.

Потврдувам во име на институциите на Косово дека Косово уште денеска, не утре, е подготвено да донесе одлука за укинување на границите, царините и било кои други бариери во однос на Албанија. Од денеска не би имало никакви бариери меѓу двете држави. Го повикувам мојот пријател Еди Рама да донесе таква одлука, а јас поготвено ја чекам, рече Тачи на конференцијата за новинарија, а ја пренесе агенцијата Бета.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.