Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај изјави дека визната либерализација за граѓаните на Косово нема да се случи до крајот на 2019 година, како што претходно тврдеше, но сепак треба да се очекува во наредните неколку месеци, односно идната пролет, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај во интервју за приштинскиот портал „ЕкономиаОнлајн“ изјави дека упатил писмено барање за либерализација до членките на Европската унија, но веќе не верува дека Брисел може да ја донесе одлуката до крајот на годинава.

Според премиерот во оставка, за пролонгирање на датумот за визна либерализација придонело и одолговлекувањето на процесот на градење на институциите по парламентарните избори одржани на 6 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.