Вечерва лидерот на Сојузот за иднината на Косово, Рамуш Харадинај ја демантираше изјавата на адвокатот од Белград, Предраг Савиќ дека ќе биде на обвинителната клупа во Хаг, затоа што „обвинението“ против него е „потврдено“.

Харадинај на Фејсбук изјави дека не е покрената судска постапка против него, објави „Косово Онлајн“.

„Почитувани граѓани, некои од нашите медиуми објавија лажни вести, чиј извор се српските експоненти. Достоинствено ја бранев чистата војна на УЧК и не сум под никаков судски процес. Продолжувам да работам во одбрана на вредностите на државата“, напиша Харадинај.

Како што објави Танјуг претходно денес, адвокатот Савиќ изјави дека Рамуш Харадинај наскоро ќе биде на обвинителна клупа во Хаг.

Поради правилото „ne bis in idem“ – никој не може да биде осуден двапати за исто дело, обвинението ќе биде помало, бидејќи Харадинај нема да може да одговара за она, за што веќе го ослободи Хашкиот трибунал, рече Савиќ.

Адвокатот додаде дека е сигурен дека Харадинај ќе одговара за обвинувањата што биле формирани врз основа на последователните собрани докази на истражителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.