Поранешниот премиер на Косово Рамуш Харадинај изјави дека Вљора Читаку, амбасадорката на Косово во САД, е една од повеќето луѓе кои работеле на поделба на Косово.

Харадинај пред новинарите кај споменикот на Захир Пајазити изјави дека Читаку за тоа работела заедно со Хашим Тачи и со албанскиот премиер Еди Рама, пренесе телевизијата Кљан Косова.

Тој додаде дека „оваа грешка не ги спречила и понатаму да бидат на тиа функции“.

Има многу функционери на Косово кои беа за поделба на територии и направија голема грешка … Вљора, претседателот Тачи, албанскиот премиер Рама и други, рече Харадинај

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.