Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај бара Македонија да им дозволи на припадниците на т.н. „кумановска група“ преостаниот дел од казната да го отслужат во косовските затвори, објави Алсат.

Харадинај рече дека Косово не треба и не смее да биде рамнодушно за судбината на своите граѓани и на нивните семејства.

Припадниците на кумановската група се осудени за тероризам, за настаните од 9 и 10 мај 2015 година. Треба да одлежат вкупно 746 години затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.