Хаос во најава. Откако македонската влада во пет до дванаесет одлучи дека сепак во Србија, Црна Гора, БиХ ќе се патува со ПЦР тест, а тест единствено не е потребен за патувањето во Косово, срписките медиуми тврдат нешто друго. Имено денешните српски весници пишуваат  дека граѓаните на Србија од денеска ќе можат да патуватат во Македонија без ПЦР тест.

Дали тоа занчи дека Србија не знае за сменетата олдука на македнската влада и дали информацијата дека слободно ќе се влегува во земјава, може да предизвика хаос на северната граница, со прилив на луѓе кои ќе сакаат да влезат во Македонија без ПЦР тест, а таков ќе им биде побаран?

Граѓаните на Србија, Црна Гора, БиХ и Косово од денеска можат да патуваат во Македонија, без ПЦР тест, соопшти владата на оваа земја. Одлуката е донесена пред шест дена и денеска стапи на сила, пишува српски Блиц.

Од друга страна, тврди Блиц, граѓаните на Македонија, поради епидемиолошката ситуација и големиот број заразени, не можат да патуваат во Србија, Црна Гора и БиХ без ПЦР тест, не постар од 48 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.