Иако Грција почна да ги отвора границите за туристи, сопствениците на хотели, апартмани и ресторани во регионот на Олимпија стравуваат дека и оваа година ќе останат без гости.

Жителите на овој регион кои најмногу заработуваат од српските туристи, дури сега почнуваат со подготовките за претстојната сезона. Околу 1.700.000 туристи годишно престојуваат во регионот на Олимпија. Минатата година овој број бил намален за 80 отсто.

Како што изјавил Димитрос Кардасис од Лептокарија во 2019 година имало многу српски туристи, а во 2020 немало гости.

Ако српските туристи не дојдат во Грција, нема пари за нас, коментира еден од сопствениците на апартмани во Паралија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.