Граѓаните во Грција кои се под 60-годишна возраст и имаат здравствени проблеми, а примиле прва доза на „АстраЗенека“, ќе може да се ревакцинираат со друга вакцина, односно со „Фајзер“ или „Модерна“, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако комисијата за вакцинација во Грција минатата седмица излезе со препорака „АстраЗенека“ да се користи за лица над 60-годишна возраст, наместо над 30 како што беше претходно, сите што не припаѓаат на конкретната возрасна група, од денеска можат да одберат друга вакцина за втората доза, но само доколку имаат упат од лекар дека имаат здравствени проблеми поврзани со разни видови тромбоза или белодробна емболија.

Останатите, доколку немаат некоја од наведените дијагнози, регуларно ќе се ревакцинираат со „АстраЗенека“.

Граѓаните под 60 години, кои имале закажано термин за вакцинирање со прва доза со „АстраЗенека“, веќе добиле смс порака, доколку сакаат да ја променат вакцината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.