Во Грција вакццинацијата против ковид-19 ќе почне во јануари. Вакцинацијата ќе биде доброволна и бесплатна.

Предвидено е основање на 1.018 центри за вакцинација низ цела Грција, чиешто опремување е веќе во тек.

Се проценува дека 2.117.440 граѓани од вкупно 11 милиони во Грција ќе можат да вакцинираат месечно.

Прво ќе се вакцинираат здравствените работници, потоа постарите од 65 години и оние кои имаат хронични заболувања, а потоа и целата популација.

Граѓаните ќе можат да закажат вакцинација преку СМС, Интернет или телефон, преку центрите за закажување.

Доколку се набават повеќе дози на вакцини, ќе се формираат повеќе центри за вакцинација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.