Комисијата за вакцинација на Грција даде позитивно мислење за доброволна вакцинација на децата од 15 до 17 години со согласност од родител или старател, а следната седмица ќе биде отворена платформата за закажување термин, соопштија претседателката на комисијата Мариа Теодориду и генералниот секрар во Минстерството за здравство Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина.

Теодориду ги анализираше научните податоци поврзани со вакцинацијата на децата, рече дека безбеден чекон кон нормалност е вакцинацијата на младите и соопшти дека ставот на комисијата е позитивен, а ќе се користат вакцините мРНА (Фајзер и Модерна).

Темисоклеус објасни дека децата на возраст од 15 до 17 години, односно родените по 1 јануари 2006 година, од следната седмица ќе можат да закажат термин, а во понеделник ќе бидат соопштени деталите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.