Од над три милиони пристигнувања во 2019 година по копнен пат од  Македонија во Грција, лани, поради пандемијата и затворените граници, бројот се намалил на 500.000, односно регистриран е пад од 84,5 отсто, согласно податоците од Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, во 2019 година, биле регистрирани вкупно 3.250.120 пристигнувања по копнен пат од  Македонија во Грција, наспроти 503.894 лани, од кои 311.706 пристигнувања се во првите два месец од 2020 година, односно периодот пред почетокот на пандемијата.

Во јануари регистрирани биле 149.020 пристигнувања, за 90.8 проценти повеќе од истиот месец во 2019 година, во февруари 162.686, речиси на исто ниво како и една година претходно, а падот започнува од месец март, по воведените први рестрикции, по што следат два месеци кога границите целосно беа затворени.

По отворањето и тоа само на одредени граничните премини, влезот во Грција беше забранет за државјани на трети земји, одлука што сè уште е во сила, па така во летните месеци, односно во периодот од јуни до септември, регистриран е пад од 94,5 до 97,6 отсто на пристигнувањата по копнен пат од  Македонија.

– Во периодот јануари-декември 2020 година регистрирано е намалување од сите соседни земји. Конкретно, најголемото намалување на апсолутните разлики го бележи Бугарија -4,7 милиони / 77,6 отсто, додека најголемото намалување на процентуалните разлики го бележи Македонија -2,7 милиони / 84,5 проценти. Намалувањето од Албанија изнесува -1,4 илјади / 72,7 отсто, а од Турција на -849 илјади / 78,1 проценти, пишува во извештајот со статистичките податоци од Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси.

tu

Во однос на општата слика на грчкиот туризам во 2020 година, бројот на патници во Грција се намалил за 76,5 отсто, односно на 7,37 милиони, од 31,34 милиони една година претходно

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.