Жителите на општините со најголем број на новозаразени од коронавирусот во вториот бран со кој моментално се соочува Македонија, добиваат забрана за влез во Грција, објави Сител.

Така во Грција нема да можат да влезат жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, но и уште неколку општини каде вирусот забрзано се шири.

Грчкото министерство за надворешни работи ги информира пограничните служби дека до 1 Јули забранува влез во Грција за жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, Липково, Куманово, Теарце, Студеничани и Шуто Оризари,  стои во соопштението на грчкото МНР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.