Грчкиот премиер го испрати последниот повик до постарите граѓани да се вакцинираат пред месечните казни да почнат да се наметнуваат следната недела.

Нашите сограѓани постари од 60 години и сè уште невакцинирани – ги охрабрувам денес: направете го овој чекор“, рече премиерот Киријакос Мицотакис во саботата за време на посетата на здравствениот центар во Мегара, во близина на Атина.

Заштитете го вашиот живот и животите на оние што ги сакате и разберете дека вакцината е безбедна и спасува животи“.

Граѓаните над 60 години ќе се казнуваат со 50 евра од понеделник и по 100 евра секој месец од февруари, доколку не се вакцинирани. Сите приходи ќе бидат наменети за здравствениот систем на земјата, објавија грчките медиуми.

Оние кои имаат потврди за закрепнување од ковид и докажани медицински ослободувања нема да подлежат на казни. Луѓето вакцинирани во странство ќе можат да ги регистрираат своите вакцини преку владината веб-страница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.