Преку бројот за итни случаи 112, Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, синоќа испрати порака со упатства за коронавирусот до сите корисници на грчките мобилни оператори.
На лицата од ранливите групи граѓани им препорачуваат да останат дома колку е можно повеќе, а за останатите, и при најмал симптом на вирус, да останат дома и да разговараат со лекар, пред да отидат во болница.

Одржувајте ја личната хигиена. Не се изложувајте самите и другите на ризик, пишува на крајот на пораката што е на грчки и англиски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.