Најмалку 150 куќи се уништени во пожарот во Грција и десетина села на грчкиот остров Евија, додека земјата се бори со повеќе од 100 пожари.

Десетици жители и туристи синоќа беа евакуирани со бродови од плажа во Евија, откако биле принудени да избегаат кон морето пред налетот на огнот. Во исто време, тројца монаси одбиваат да го напуштат манастирот „Свети Давид“, додека сите жители од околните села се веќе евакуирани.

Ситуацијата е многу тешка. Пламенот е висок 30-40 метри, огнот го опколи манастирот. Се задушуваме од чадот, ова е кошмар“, изјави манастирскиот старешина за државната агенција АНА-МПА.

Гувернерот на централна Грција, Димитрис Вурданос, кој беше во манастирот со регионалниот гувернер, Фанис Спанис, се обидува да ги убеди монасите да се евакуираат. Стотина пожарникари, помогнати од седум хеликоптери и авиони, учествуваат во гаснењето

Пожарникарите продолжуваат да се борат со огнот и во околината на Атина, додека градоначалникот на Олимпија побара помош бидејќи пожар му се заканува на родното место на Олимписките игри.

Според Хардалијас, Грција се бореше со вкупно 118 пожари во изминатите 24 часа како последица на екстремните температури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.