Синдикатот на медицинските работници во Грција предупреди за голем недостиг од екипи на Брза помош во туристичките места во државата.

Упатувајќи критики за Министерството за здравство, од синдикатот велат дека нема никакви напори од државата да бидат вработен дополнителни лица како хонорартно така и за постојано.

Особено тешка е состојбата на островите каде Брзата помош се потпира на доброволци и на медицински лица од други делови од државата.

Како пример се посочува островот Миконос каде има 6 вработени во Брза помош, а потребни се најмалку 10. На островот Парос има 9 луѓе кои се принудени да се откажат од слободни денови и имаат само едно амбулантно возило. На остоворт Кос има само 5 вработени во Брза помош кои работат по 6 денови во неделата „и имаат за земање стотици денови за одмор и компензации“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.