Грција ги забрани сите прослави на јавни места, соопшти министерот за здравство Танос Плеврис на државното радио.

Дополнително, повторно е задолжително носење заштитни маски, а во супермаркетите и јавниот превоз се задолжителни маски KN95 или две медицински или платнени маски.

За влез во државата потребно е да се покаже негативен тест. ПЦР тестот не треба да биде постар од 72 часа, а антигенскиот 24 часа.

Плеврис исто така ги повика патниците да направат брз тест вториот и четвртиот ден по влегувањето во земјата.

Во Грција вчера имало 5.641 новозаразено лице, што е повеќе од 4.801 една недела порано.

Досега во таа земја се откриени 29 случаи на варијантата омикрон.

Владата предупредила дека здравствениот систем е под голем притисок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.