Грчкиот заменик-министер за одбрана Никос Хардаљас ја предводеше грчката делегација што пренесе хуманитарна помош од Грција за Украина, а која пристигна во Полска. Помошта се состои од медицински материјали и продукти за основни потреби, а хуманитарна помош со воени авиони C-130 и карго летови беше транспортирана во Полска за оттаму да биде доставена до украинските граѓани, но и до грчките иселеници.

При поаѓањето од Атина, заменик-министерот за одбрана порача дека Грција ја поддржува Украина на секој начин, а во тие рамки е и хуманитарната помош.

Нашата солидарност, нашите желби, нашите молитви се со украинскиот народ и нашите иселеници, кои претрпеа такви трагични загуби – истакна Хардаљас.

Освен хуманитарна помош, Грција испрати и одбранбен материјал за Украина, а според грчките медиуми помошта вклучува муниција, пушки од типот Калашников и фрлачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.