Турција да ја спроведе заедничката изјава ЕУ-Турција и да престане да ги користи бегалците како средство за притисок врз Грција и Европа, рече портпаролот на грчкото МНР, Александрос Гениматас на денешниот брифинг со новинарите во однос на изјавата на портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, кој говореше за лошите услови за мигрантите во Грција и лошото однесување на грчките власти, јави дописничката на МИА од Атина.

Грција како правна и демократска држава не прифаќа лекции од никој. Турција, наместо да дава насоки, добро ќе биде да ги спроведе одредбите од заедничката изјава ЕУ – Турција и да престане да ги користи бегалците како средство за притисок врз Грција, но и врз Европа, рече Гениматас.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, Хами Аксој, меѓу другото, ја повика Грција, меѓу другото, да ги подобри нехуманите услови за мигрантите, да спречи смрт на новороденчиња, да не заборави дека овие луѓе имаат права и слободи согласно со меѓународното право, да не користи оружје кон мигрантите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.