Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, побара од Европската унија да размисли за суспендирање на Договорот од Анкара од 1995 година, со кој се воспостави царинска унија со Турција, поради кршењето на договорот од страна на Анкара, објави грчката државна новинска агенција АНА во вторникот.

Во своето писмо до своите колеги во Германија, Шпанија и Италија – Хеико Маас, Аранча Гонзалес Лаја и Луиџи ди Маио – Дендиас ги повика овие три земји да го прекинат извозот на воена опрема во Турција заради неодамнешните провокативни активности на Анкара „во врска со поморските спорови со Атина на истокот на Медитеранот.

Претходно овој месец, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу објави дека Анкара и Атина одлучија да одржат билатерални разговори во врска со источен Медитеран, во услови на територијални спорови во оваа област што дополнително ги зголемија тензиите меѓу двете земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.