Македонија и Албанија се надеваат дека ќе добијат официјален датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ до крајот на годината. Минатата година францускиот претседател Емануел Макрон го суспендираше процесот, но подоцна го укина ветото, откако Европската комисија воведе построга и реверзибилна процедура за пристапување во ЕУ за исполнување на условите поставени од Париз“, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Во меѓувреме, Преспанскиот договор ја отстрани грчката пречка, но премиерот Зоран Заев сега се соочува со друга пречка на патот на неговата земја до толку посакуваниот датум за почеток на преговорите: договорот со Бугарија.

„Иако Бугарија беше прва што ја призна новосоздадената балканска држава во 1991 година под уставното име, Република Македонија и дека Заев и неговиот бугарски колега потпишаа договор за пријателство во 2017 година дизајниран да ги реши нивните историски разлики, Софија сега се заканува да ги блокира разговорите за пристапување на Скопје во Европската унија“, стои во текстот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.