Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и се закани на официјална Тирана дека Атина ке го попречи интегрирањето на Албанија во ЕУ, ако таа не ги почитува правата на грчкото малцинство во Албанија.

Ние ја подржуваме европската перспектива на Албанија, но таа мора да ги почитува сите права на грчкото малцинство во Албанија кои ги гарантира меѓународното право за основните човекови права.

Изјавата ја пренесуваат албанските медиуми на ударните термини на електронските медиуми и на насловните страници на печатот. Истите извори додаваат дека шефот на грчката држава Павлопулос нагласил дека Албанија не ги почитува правата на Грците и им го попречува правоито на нивниот имот.

Ние ке го попречеме интегрирањето на Албанија во ЕУ, истакнал Павлопулос .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.