Господине Пецас, ќе ставите некоја граница за прашањата?, со овие зборови некаде кон крајот на денешната прес-конференција, грчкиот премиер му се обрати на владиниот портпарол откако, веќе беа поставени над новинарски 40 прашања, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на владата Стелиос Пецас му одговори дека неговата намера е да го урне личниот рекорд на Кирјакос Мицотакис од претходните години, што изнесува 44 прашања.

Дијалогот меѓу Мицотакис и Пецас, ги изненади, но и ги насмеа присутните на прес-конференцијата во рамките на Меѓународниот саем во Солун.

Господине Пецас, да ве прашам дали ќе ставите некоја граница за прашањата, дали ќе треба да одговорам…, му рече Мицотакис на Пецас, кој имаше улога на координатор на прес-конференцијата.

Господине Претседателе, сакам да го надминам вашиот рекорд, што беше 44 прашања, сега одиме да надминеме 50. Ако сакате, завршуваме за 10 минути, му одговори портпаролот на владата.

На колку сме сега, праша Мицотакис.

На 49, одговори Пецас.

Јас велам да примиме уште три, додаде Мицотакис. Па така, прес-конференцијата во рамките на Меѓународниот саем во Солун, што традиционално се одржува секоја година, а премиерот на Грција одговара на прашањата на новинари од медиуми од целата земја, оваа година траеше над два и пол часа.

Мицотакис одговори на 52 прашања, поврзани со економијата, даночната политика, примарниот суфицит, владината програма, бегалскиот/мигрантскиот проблем, односите со Турција и Албанија, но и за Договорот од Преспа и евентуалната средба со премиерот Зоран Заев.

Рускиот претседател на редовната годишна конференција за печатот одговараше 3 часа и 43 минути на 53 новинарски прашања, односно едно повеќе од грчкиот премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.