Во грчкиот Парламент вечерва поминаа измените во законот со кои се укинува студентскиот имунитет. Владејачката Нова демократија и десничарско ориентираната партија Грчко решение беа „за“, Движењето за промена гласаше „присутно“, а Комунистичката партија против, а СИРИЗА и МЕРА25 не присуствуваа на гласањето, бидејќи претходно ја напуштија седницата во знак на протест против поднесените амандманите од министерот за труд, jави дописничката на МИА од Атина.

Во исто време со гласањето, пред Парламентот протест одржаа студентите кои не се согласуваат со измените во законот што ги донесе владата.

Собирот помина мирно и со мал одѕив, а студентите во разговор со дописничката на МИА од Атина рекоа дека нема да се откажат и со демонстрациите ќе продолжат од септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.