Туристите да ги почитуваат правилата и здравствените протоколи исто како што тоа го сторија Грците, побара министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас за време на неговата посета на Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што внимаваа моите сограѓани и ги почитуваа мерките, создадоа таква култура што земјата успеа и стана пример, не би сакал сега да го расипеме тоа и барам, истото да го сторат и нашите туристи.

Да ја почитуваат нашата земја, рече Кикиљас додавајќи дека треба да се почитуваат здравствените протоколи за да нема голем број случаи на Ковид-19

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.