Шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, порача дека консолидација на мирот е  примарна цел на неговата држава и на Западен Балкан, каде што Грција долго време се залагала за евро-атлантска интеграција.

За време на дигиталната конференција на Еврејскиот Институт за национална безбедност на Америка (JINSA), Дендиас истакна дека Грција има стабилизирачка улога во Источниот Медитеран и на Балканот.

Говорејќи за грчката надворешна политика, Дендиас истакна дека главните цели се промовирање мир, стабилност, просперитет и партнерства и додаде дека Грција е посветена на решавање на сите отворени прашање врз основа на меѓународното и морското право.

Дендиас се осврна и на односите со САД, за кои рече дека се на највисоко ново досега, споменувајќи го Договорот за меѓусебна одбранбена соработка, за кој изјави дека е „стратешки договор, бидејќи се однесува на унапредување на безбедноста и стабилноста во Источен Медитеран и на Балканот со зајакнување на американскиот отпечаток таму“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.