Португалски товарен брод се судри со брод на грчката морнарица во близина на Пиреја, соопштија атинските власти, пренесува Екатимерини.

На снимка се гледа како брод на морнарицата со дупка од страната тоне, а наскоро се појави друг брод кој го вчечеше до брегот.

Две лица се полесно повредени, соопшти крајбрежната стража, додавајќи дека бродот на грчката морнарица со 27 членови на екипажот е пренесен на безбедно.

Товарниот брод од Португалија останал не оштетен, се додава во изјавата на официјално лице од Атина, пренесува Ројтерс.

Сè уште не е познато како дошло до судирот, но се утврдува како се случил инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.