Ставот на членот на на Потами (Река) Спирос Данелис во врска со прашање опфатено во Преспанскиот договор „Ефимерида“ го оценува како „неверојатен предлог“.
Грчкиот пратеик Спирос Данелис во изјава за АНТ1 вели дека „не би било лоша идеа некоја невладина организација да ја преземе наставата на македонски јазик за Македонците“.
Договорот од Преспа става крај на неодговорноста, изјави Данелис.
Данелис, кој потекнува од партијата на Спирос Теодоракис, кој деновиве е во фокусот зашто со негова поддршка може да се ратификува Договорот за името, додава дека тој е одговорен за националните интереси, а тоа значи гласање за поддршка, каква што е и договорената партиска линија.
Нема причина ние да го менуваме ставот – додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.