Припадници на грчката крајбрежна стража отвориле оган кон чамец што превезувал цивили покрај островот Родос во Егејското Море.

Како што соопштија од Командата на турската крајбрежна стража за „Анадолија“, двајца турски и еден сириски државјанин се повредени, а чамецот потонал по нападот.

Во извештајот се наведува дека нападот се случил на 7,2 наутички милји од турската провинција Мугла.

По нападот била испратена екипа за итни случаи од четири брода и тим за нуркање.

Повредените се однесени во државната болница во Мармарис.

Тензиите во регионот се во пораст како резултат на турското истражување и дупчењето на изворите на природни ресурси во Средоземното Море.

Анкара ја обвинува Грција за спроведување максималистичка политика во источен Медитеран и потенцира дека нејзините поморски побарувања ги кршат суверените права на Турција.

Грција бара итен самит на Европската унија за Турција. Тоа е побарано по доаѓањето на турскиот брод за истражување на наоѓалишта за нафта и гас во спорната зона во источното Средоземје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.