Според последните владини податоци, досега во Србија се дадени 1.501.917 дози на вакцина против корона вирус, а втората доза на вакцина ја примиле 530.863 луѓе.

Кога станува збор за бројот на вакцинации на милион жители, Србија е на шестото место во светот – по Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и САД.

Во однос на луѓето кои примиле по две дози од вакцината на милион жители, Србија е прва во Европа и четврта во светот, по Израел, Сејшелите и Обединетите Арапски Емирати.

Србија е убедливо прва во регионот според бројот на вакцинирани на милион жители, по што следуваат Унгарија, Словенија, Романија, Хрватска, Бугарија, Албанија и Црна Гора. Србија е на прво место во регионот според бројот на граѓани кои ја примиле втората доза на вакцината на милион жители.

Според вкупниот број вакцини и ревакцинации, Србија е втора во регионот, по Романија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.