Неколку лица се уапсени, а тројца полицајци и повеќе граѓани се повредени во синоќешните немири во подгоричката населба Златица, јавуваат подгоричките медиуми.

Во населбата Златица, во Подгорица, група на жители на градот се обиделе насилно да ги спречат комуналните служби да го варосаат ѕидот кој дотогаш бил во боите на српското знаме.

За смирување на нередите употребила бибер спреј и солзавец. Полицијата претходно издала наредби на насобраните да се разотидат, по што граѓаните формирале „жив ѕид“ околу муралот. Кога комуналните полицајци, опкружени со службеници од Управата на полицијата, по инцидентот почнале да ја санираат јавната површина, се случија нови немири во кои граѓаните започнаа да користат пиротехника и да ја гаѓаат полицијата со камења, кои одговорија со солзавец.

Граѓаните почнале да си заминуваат по повторениот полициски апел, а муралот бил бојадисан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.