На грчкиот остров Закинтос денес избувна пожар и во тек е неговото гасење, јавува АНА.

Шефот на противпожарната бригада на Јонските Острови, Андреас Ризос, потврди дека пламенот зафатил пошумено подрачје.

Во гасењето на пожарот се вклучени 20 пожарникари со седум противпожарни возила, а се очекува да пристигнат и авиони. Локалните жители помагаат во гасењето на пожарот и засега нема опасност за туристите и локалното население.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.