Шумски пожар на вториот крак на Халкидики Атина, 8 септември 2019 (МИА) – Во централниот дел на Ситонија, на вториот крак на Халкидики, попладнево изби шумски пожар, во кој интервенираат 23 пожарникари со 11 возила и два авиони.

Грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на информации од противпожарна служба објави дека не се во опасност населени места, а гори борова шума. Командирот на противпожарната служба на Халкидики е оптимист дека набргу пожарот ќе биде ставен под контрола.

Потребна беше помош од два канадери, бидејќи жариштето е во непрооден дел. Оптимисти сме дека брзо ќе биде целосно ставен под контрола, вели командирот на противпожарна служба на Халкидики, Димитрис Карасавидис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.