Голем пожар попладнево избувна во хотел во Атина. Како што пренесува „Катимерини“, пожарникарските екипи досега успеале да евакуираат пет лица, но се верува дека во хотелот има уште заглавени лица.

Сѐ уште не се знаат причините за пожарот, кој според првичните информации започнал во една од собите на хотелот „Атинеум палас“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.