Голем пожар избувна во шумскиот предел на грчкиот остров Евија. Евакуиран е еден манастир, а на жителите на три села кажано им е да бидат подготвени за евакуација. Пожарот избувнал утрово околу 3 часот во областа Агрилица, а густиот чад стигнал до Атина. Во гасењето на пожарот учествуваат 80 пожарникари со 39 возила, а ангажирани се четири авиони и два хеликоптера. Од грчката против пожарна служба велат дека силниот ветер како и непристапниот терен ги отежнуваат напорите на пожарникарите.

Голем пожар денеска избувна и во југозападниот дел на островот Тасос. Како што јавуваат грчките медиуми, испратени се 56 пожарникари со 25 противпожарни возила а поддршка имаат од два авиона и еден хеликоптер.

Во моментов во Грција активни се неколку пожари вклучително го реонот на Ахаја и еден во близина на градот Тива. Пожарот што е активен во близина на грчкиот главен град Атина од неделата е делумно локализиран.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.