Осум невработени лица се борат за едно работно место во Бугарија, покажуваат податоците на Институтот за пазарна економија за односот помеѓу бројот на невработени и бројот на слободни работни места заклучно со 31 јануари 2021 година, објави репортерот на БГНЕС.

„Индикаторот е важен затоа што го зафаќа степенот на конкуренција на локалните пазари на труд и е чувствителен на двата главни фактори – понудата на работни места во канцелариите за вработување и побарувачката од страна на регистрираните невработени“, наведува Институтот.

Како што пренесува БГНЕС, податоците по општини покажуваат уште поголеми разлики. Додека во 64 општини бројот на невработени лица за едно слободно место е под националниот просек (8), во 12 општини тој е над 100

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.