Во повеќестолетна зграда во центарот на Задар утрово околу 11.30 часот избил пожар. Пожарникарите го спречиле ширењето на огнот и ќе останат на терен цел ден и ноќ, а станарите се евакуирани, велат од Противпожарната бригада во Задар, јавува хрватски Индекс.

Пожарот избил во еден стан, но зафатил уште неколку станови и деловни простории, како и поткровјето. Пожарникарите го спречиле ширењето на огнот на првиот и на вториот кат, но пламен сè уште има и се шири меѓу дрвената конструкција на зградата од 14 век, потврдил за Хина Жељко, Шоша, главниот на Јавната противпожарна служба на Задар.

На терен се 23 пожарникари со девет возила.

– Би требало да се исечат гредите, а ако ги исечеме ќе падне целата зграда бидејќи сè стои на тие греди – вели Шоша за Задарски. хр.

– Покривот на зградата каде изби пожарот се урна. Но за жал не можеме да ја наречеме зграда бидејќи станува збор за повеќе згради кои се споени, со околу 100 до 200 станови. Тешко е да го запреме пожарот бидејќи се стари градби, и се бориме пожарот да не се прошири на другите станови. Има гипсени плочи под гредите, ние сме внатре и практично ги сечеме гипсените плочи – изјавил Шоша.

Огнот го зафатил и ателјето на познатиот задарски фотограф Жељко Маричиќ. Тој изјавил дека сè е уништено.

Во случај на пожар на Полуостровот дежурните пожарникари веднаш излегуваат на терен и се обидуваат да го спречат натамошното ширење на огнот,

– Цел Полуостров практично е пожарна зона, мора да го локализираме огнот за да не ги зафати соседните покриви и да не се шири натаму. Сите станари се евакуирани.

Засега не е позната причината за пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.