Голем пожар го зафати Шибеник. Како што пренесуваат медиумите, ситуацијата во Шибеничко-книнската жупанија е многу тешка. Пожарот кој беснее со часови ги загрозува зградите, а според информациите веќе изгореле неколку згради и автомобили.

Поради пожарот затворени се околните патишта. Паника се шири меѓу жителите и бројните туристи, а се направија и гужви додека голем број луѓе се обидуваа да се евакуираат.

Бидејќи патиштата се затворени или заглавени со возила, евакуацијата започна од најзагрозениот Затон, место на устието на реката Крка во Јадранското Море. Евакуацијата се врши по морски пат, а мештаните од Затон и Раслина со гумени чамци се превезуваат кон Билице.

Огнот го гаснат повеќе од 100 пожарникари, со над 40 возила и два канадери, а на готовност има повеќе пожарникари од околните области.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.